| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ праќа лажни СМС пораки претставувајќи се како ВМРО-ДПМНЕ

Манипулациите во јавноста која ги создава СДСМ преку медиумите финансирани од СОРОС не застанува. Тоа што СДСМ е обидува во последните денови е да го сокрие насилството кое го подготвува за најавениот митинг, со пласирање на информации дека тоа е сценарио на владејачката ВМРО- ДПМНЕ.

libertas

Наводно, до редакцијата на порталот Либертас пристигнал СМС, кој како вели веста, требало да се испраќа до членството на владејачката партија. Но, во пораката е наведено „Преку координаторите да се задолжат сите претседатели на ОО да започнат акција од врата на врата“.

оо

Колку за информација, партијата ВМРО-ДПМНЕ нема општински организации, односно „ОО“, затоа што во оваа партија членовите се распоредени во општински комитети „ОК“.

Тоа пак покажува дека пораката е пратена од членството на СДСМ, партија каде функционираат „ОО“во функција на лажење на јавноста, но и за евентуално натамошно алиби при нови насилства на собирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top