| четврток, 6 декември 2018 |

Германската БНД месечно праќала прислушувани разговори на американската НСА

razuznuvanjeГерманската разузнавачка агенција БНД секој месец и доставувала многу податоци за телефонски разговори и содржини на американската Национална безбедносна агенција (НСА), објави германскиот весник „Цајт“.

Весникот, повикувајќи се на доверливи документи, наведува дека секој ден биле собирани околу 220 милиони единици мета податоци, односно секој месец на НСА и биле испраќани 1,3 милијарди единици мета податоци  .

Berlin aus der LuftКритичарите ги обвинуваат соработниците на канцеларката Ангела Меркел дека одлучиле БНД да и помага на НСА во шпионирањето на европски фирми и официјални лица. Тие ја обвинуваат Меркел и нејзините соработници дека лажеле за перспективите на германско-американскиот „договор за нешпионирање“ пред изборите во 2013 година.

Германските медиуми наведуваат дека Вашингтон никогаш не и предложил таков договор на Берлин.

Анкетите покажуваат дека скандалот со прислушувањето негативно влијае врз рејтингот на Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top