По приведувањето и разговорите со лицата осомничени за тероризам, дел од нив ја потврдија инволвираноста и во нападот на полициската станица во Гошинце, посочувајќи го местото на кое го сокриле и складирале оружјето украдено од станицата, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Врз основа на добиено оперативно сознание на 10.05.2015 година, биле извршени претреси на две локации во Малино маало, село Брест, на отворен простор во импровизирани бункери. При претресите, пронајдена е поголема количина оружје и муниција, и тоа: вкупно 61 парче автоматско оружје од кои 21 автоматска пушка од украинско потекло, 35 автоматски пушки од југословенско потекло и 1 автоматска пушка од кинеско потекло, 1 полуавтоматска пушка и 3 пушкомитралези, вкупно 8 сандаци со муниција калибар 7,62 од кои 7 се пломбирани сандаци со муниција и 1 еден е отворен. Од првично направените проверки, утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР на РМ, односно оружјето кое било одземено од страна на криминално-терористичката група од ПС за ГН Гошинце на 21.04.2015 година.
– Пронајдената муниција ќе биде предмет на дополнително вештачење, односно потврдување на сомненијата дека станува збор за истата која била одземена од полициската станица во Гошинце – велат од МВР во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?