Поренешниот бразилски фудбалер Роналдо ја потврдува изјавата на Зинедин Зидан дека на фудбалот во моментов му недостигаат вистински фудбалски ѕвезди.
Поранешниот ас на Реал, Барселона, Интер и на Милан смета дека моментално најдобрите фудбалери на планетава, Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар, се премалку за најполупарниот спорт во светот.
Како што рече Зидан, и јас сметам дека Меси, Роналдо и Нејмар се неверојатни. Но, сметам дека на светскиот фудбал му недостигаат уште ѕвезди. Мислам дека меѓу овие тројца и останатите кои следат постои една голема празнина. Тоа мора да се пополни наредните три до пет години или полека ќе опаѓа интересот во одредени делови од светот – вели Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.