| четврток, 6 декември 2018 |

Од малите за најмалите, хуманитарна акција на „Пиколини“ и на Дамјан Стојановски

IMG_5221

Децата од приватната градинка  „Пиколини“ спортуваа и донираа заедно со младиот кошаркар Дамјан Стојановски. За секој кош, донирано е парче облека за доенчињата и за малите деца од Домот за доенчиња и за мали деца во Битола.

IMG_5238

Епилогот од активноста беше следниов: Децата изморени, но кутиите полни, срцата уште повеќе, а пакетите беа веднаш испратени во Домот во Битола.

IMG_5256

Директорката на Домот, Наташа Младеновска Лазаревска се заблагодари и ја поддржа акцијата, истакнувајќи дека и е посебно драго кога вакви акции се прават од дечиња за дечиња, тогаш задоволството е уште поголемо.

IMG_5280

Директорката на градинката, пак, Марина Сивакова Тасков, вели дека вакви активности имало и секогаш ќе има. Целта на градинката и општо на иницијативите е да се помогне на најосетливите категории, а воедно да се всади свесноста кај овие дечиња уште од мали за значењето на вакви акции од помош на заедницата. Затоа, како што вели таа, дечињата директно ги инволвираме во сите фази, од идеја до реализација.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top