Децата од приватната градинка „Пиколини“ спортуваа и донираа заедно со младиот кошаркар Дамјан Стојановски. За секој кош, донирано е парче облека за доенчињата и за малите деца од Домот за доенчиња и за мали деца во Битола.
Епилогот од активноста беше следниов: Децата изморени, но кутиите полни, срцата уште повеќе, а пакетите беа веднаш испратени во Домот во Битола.
Директорката на Домот, Наташа Младеновска Лазаревска се заблагодари и ја поддржа акцијата, истакнувајќи дека и е посебно драго кога вакви акции се прават од дечиња за дечиња, тогаш задоволството е уште поголемо.
Директорката на градинката, пак, Марина Сивакова Тасков, вели дека вакви активности имало и секогаш ќе има. Целта на градинката и општо на иницијативите е да се помогне на најосетливите категории, а воедно да се всади свесноста кај овие дечиња уште од мали за значењето на вакви акции од помош на заедницата. Затоа, како што вели таа, дечињата директно ги инволвираме во сите фази, од идеја до реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.