Речиси 60 проценти од македонските граѓани гласале на локалните избори до 17 часот. Според Дражавната изборна комисија (ДИК), до 17 часот 57,53 проценти од регистрираните гласачи излегле на гласање. Станува збор за еден милион и илјада педесет и седум гласачи. ДИК соопшти дека овој процент е повисок во споредба со истиот период на минатите избори.
По општини, најголем е одѕивот во Вевчани, 83,40 проценти. Повеќе од 80 проценти излегле и во Ранковце, потоа во Кичево 71,85, а над 70 проценти има и во Конче, Лозово, Македонски Брод, Пехчево, Свети Николе, Демир Капија, Демир Хисар. Во Прилеп излагле да гласаат 67 проценти, потоа следуваат Штип со 66,17, Струга со 57 и Струмица со 68,2 проценти.
Во скопските општини најголем одѕив има во Карпош – 60,43 67 проценти, потоа следуваат Аеродром – 56,66 проценти, Ѓорче Петров – 54,53, Центар – 58, Чаир – 44, Кисела Вода – 55, Бутел – 51,83 процент, Гази Баба – 49 проценти…
Во другите општини процентот на одѕивот е: Арачиново 55 67 проценти, Битола 62,5 проценти, Гостивар 4867 проценти, Куманово 52,21 67 проценти, Сарај 50,6 проценти, Тетово 50,7 проценти, Штип 66,17 проценти…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот