Федерацијата на фармерите на Рeпублика Мaкедонија (ФФРМ) изразува длабоко сочувство за загинатите и жалење за повредените полицајци во немилиот настан во Куманово. Воедно апелира партиите, државните институции и граѓаните да бидат соединети во овој период и заеднички да придонесат во решавање на ситуацијата.
Овој настан, оценува ФФРМ, ќе има негативни последици врз економијата, вклучително и производството и пласманот на земјоделските производи.
Од Федерацијата истакнуваат дека не треба да се дозволи настанот да ескалира до ситуација која ќе направи големи штети на социо-економскиот развој на државата.
ФФРМ потсетува дека е невладина мултиетничка организација која ги обединува сите земјоделци од различна националност, вероисповед и политичка припадност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Штетата е 100.000 евра, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот во Правда
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…