| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Драгишиќ од Факултетот за безбедност во Белград: Честитки до Македонците за одбраната!

Македонците заслужуваат честитки за одбраната, вели професорот на Факултетот за безбедност во Белград, Зоран Драгишиќ, пренесува српскиот весник Правда.

Професорот по безбедносен менаџмент истакнува и дека терористите мислеле дека заради политичката нестабилност ќе ја фатат македонската држава “на спиење”, но дека се излажале.

-Прашање е дали ова беше изолиран терористички напад или дел од некоја поширока акција. Постојат неколку хипотези кои се провлекуваат овие денови. Првата е дека терористите процениле дека ова е идеален момент да извршат терористички напад заради нестабилната политичка состојба во Македонија, па се обиделе да ги фатат “на спиење” безбедносните сили. Очекувале дека Македонија не е спремна да им се спротивстави, но Македонците заслужуваат честитки за одбраната, вели професорот Драгишиќ за Правда.

Драгишиќ додава дека според добиените прелиминарни податоци, се работело за поголема група на терористи кои имале цел за извршување на напади на цели низ цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top