Грчкиот премиер Алексис Ципрас во јуни во Санкт Петербург ќе учествува на економски форум, на чиишто маргини ќе има и приватна средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Оваа информација за руските медиуми ја потврдила претседателката на грчкиот Парламент Зои Константопулу, која од 18 до 20 јуни ќе го придружува Ципрас на конференцијата.
Руските медиуми јавуваат дека поканата за Санкт Петербург ја упатил Путин за време на состанокот со Ципрас во Кремљ, при посетата на грчкиот премиер на Москва на 7 април.
Се очекува Ципрас да биде еден од почесните гости меѓу политичките лидери на форумот.
Економскиот форум во Санкт Петербург се одржува секоја година под покровителство на рускиот претседател Путин, во неговиот роден град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.