| четврток, 6 декември 2018 |

Група Кумановци со погрдни зборови при повлекувањето на специјалците од градот

 

И покрај тоа што осум од нив загинаа, а над 30 се потешко повредени, македонските специјалци денеска доживеаја непијатности кога беа исвриркани од група кумановци додека си заминуваа по завршената акција.
Со подигнат среден прст и снимање на мобилни телефони кумановците извикуваат „убијци“ и ги исвиркуваат специјалците кои што во Куманово дојдоа да ги заштитат граѓаните и се судрија со косовските и локални терористи.
Во преписката на „фесјбук“ дел од граѓаните со критика за своите сонародници за изразеното непочитување за напорите на полициските специјалци на што најчесто им се одговара дека полицајците убивале невини Албанци.

Дел од Албанците велат дека мора да се почитува тоа што за безбедноста во кумановската „Дива населба“ МВР изгубила осум свои припадници, а имала 37 ранети полицајци, но дел се уверени дека македонската полиција не работела во нивни интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top