| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во вакви моменти е потребно единство на државата

груевски1

Во текот на борбите во Куманово постоела беспрекорна кооординација меѓу државните инстутуции.

– Сите кои сме на одговорни позиции бевме во континуирана координација и комуникација. Благодарност и до градоначалникот на Куманово за пораките и активностите во текот на операцијата. Апелирам до сите кои ја напаѓаат опозицијата или власта во вакви моменти, барем во ова време да ги прекинат тие активности. Во вакви моменти е потребно единство на државата. Денеска и утре се денови на жалост во Македонија. Ќе се воздржам од коментар за некои политичари и медиуми. Да се коментира за професионалноста на полицијата и старешите без да се види под кои услови била изведена активноста, да се борат за политички поени за жртвите и ранетите, да се испаќаат заканувачки пораки заради дневно-политички поени е крајно кукавички чин. Македонија има сила да продолжи да чекори напред. Ваквите лица и настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат. На сите кои размислуваат да и нанесат зло на државата и народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top