Во текот на борбите во Куманово постоела беспрекорна кооординација меѓу државните инстутуции.
– Сите кои сме на одговорни позиции бевме во континуирана координација и комуникација. Благодарност и до градоначалникот на Куманово за пораките и активностите во текот на операцијата. Апелирам до сите кои ја напаѓаат опозицијата или власта во вакви моменти, барем во ова време да ги прекинат тие активности. Во вакви моменти е потребно единство на државата. Денеска и утре се денови на жалост во Македонија. Ќе се воздржам од коментар за некои политичари и медиуми. Да се коментира за професионалноста на полицијата и старешите без да се види под кои услови била изведена активноста, да се борат за политички поени за жртвите и ранетите, да се испаќаат заканувачки пораки заради дневно-политички поени е крајно кукавички чин. Македонија има сила да продолжи да чекори напред. Ваквите лица и настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат. На сите кои размислуваат да и нанесат зло на државата и народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати