На полициските сили им се предадоа повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани и еден албански државјанин. Истите се предмет на обработка на службите и против сите нив ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Дел од овие лица, македонски државјани и претходно се кривично гонети за најтешки кривични дела како убиства, разбојништва, тешки кражби и други дела од областа на насилниот криминал.
Од првичните разговори дел од нив посочуваат дека групата започнала да влегува и да се утврдува во земјава на почетокот на месецов, подготвувајќи се кон средината на мај да отпочне со терористички напади кон цивилни и државни цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)