| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите во Куманово имаат поддршка од албански хакери

Паралелно со судирите во Куманово неколку албански хакерски групи се обидуваат да ги урнат најпосетуваните македонски портали кои што пренесуваат вести за состојбата во Куманово.
Цел на хакерски напади ноќеска и денеска се Република, Прес 24, Курир и уште неколку други портали.

Сајтот Република падна веднаш откако на него беше поставена вест за политичкото раководство на ОНА во Македонија како и за крајните целите на нападите во Куманово  и не беше оперативен до 13 и 20 минути денеска.
На социјалните мрежи неколку албански хакерски групи кои и предходно напаѓале државни институции се закануваат дека ќе ги урнат сите македонски сајтови кои што објавуваат информации со омраза против албанските ослободители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top