| четврток, 6 декември 2018 |

ОНА вечерва се заканува со напади на други локации

Претставници на таканаречената ОНА вечерва на албанските медиуми во Албанија и Косово најавиле дека во текот на ноќта ќе бидат спроведени нови напади на цели во Македонија и во регионот.

Албанскиот новинар Винсент Триест вечерва на Твитер пренесе дека две групи терористи од Куманово успеале да се извлечат од градот и веќе биле во штабот на ОНА на непозната локација.

Доколку не се работи за намерно проширени шпекулации од страна на радикални албански структури македонската полиција и по денешните судири во Куманово би можела да се соочи со нови напади на други локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top