| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите во Куманово молат за поддршка

Откако влегоа во безизлезна ситуација преостанатите терористи во Куманово преку социјалните мрежи бараат поддршка за судирот против македонските специјалци.

Во последната порака која што ја објавуваат приштинските медиуми се вели „ Ни требаат луѓе“.

Според анализите пропаднале плановите на косовските и македонските терористи и сега очајнички бараат помош од Албанската јавност која што освен неколку фејсбук и твитер профили досега не искажа никаква поддршка за нападот во Куманово.

Дел од медиумите објавуваат и слика на торба полна со униформи на ОНА и албанско знаме со коментар дека терористите во Македонија влегле како цивили а подоцна ги облекувале воените униформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top