ВМРО-ДПМНЕ денес јавно апелираше до сите медиуми и до сите граѓани на Македонија да не влегуваат во никакви меѓупартиски, меѓуетнички или меѓурелигиозни препирки и напаѓања. На Македонија и е потребно единство.
ВМРО-ДПМНЕ исто така денес ги повика сите политички партии да се однесуваат одговорно и да не дозволат дневната политика да предизвика дополнителни штети, посебно во делот на информирањето и шпекулациите.
-Со жалење констатираме дека некои партии и поединци не успеаа да си ја скротат својата страст за власт, па и денес си дозволија да омаловажуваат, протестираат, навредуваат. Денес кога на сите ни беше значајна стабилноста на Македонија и безбедноста на граѓаните, без разлика на која етничка, конфесионална или партиска групација припаѓаат, на поединци како портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој ја омаловажи македонската полиција, Љубомир Фрчковски кој уште пред пет дена најави потреба од меѓуетнички судири за да се смени власта, а денес протестираше пред Владата, Мирјана Најчевска која најгрубо ја нападна полицијата, Владимир Милчин и уште неколку луѓе од истата политика групација тоа воопшто не им значеше. Овие луѓе се спремни на се само да дојдат на власт по секоја цена. Граѓаните на Македонија знаат да ги гледаат работите со разум и мудрост. Срамот ќе остане кај оние кои и денес не се утишаа и не дадоа поддршка на безбедносните сили кои се жртвуваа за безбедноста на граѓаните и стабилноста на Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)