| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар нема дерман од Будуќност, тежок пораз во полуфиналето од 17-27

Ракометарките на Вардар вторпат во низа паднаа пред моќната екипа на Будуќност на првата пречка на завршниот турнир за европската титула во Лигата на шампионите. Лани беше тесно по продолженија, а овојпат повторно во Будимпешта речиси и да немаше неизвесност во ниту еден дел од мечот. Будуќност славеше со 27-17 и ќе игра со Ларвик за титулата, а за вардарки останува утешниот меч за третото место, идентично како и лани.

Уште од почетокот на мечот Црногорките најавија сигурна победа, поведоа со 6-3, а потоа на одмор по 30 минути игра заминаа со предност од 14-9. На стартот од продолжението македонските шампионки се заканија, намалија на минус три и потоа како да ги снема од теренот. За час противничките ја вратија и ја зголемија предноста на недостижни 8 гола разлика, 23-15 на десет минути до крајот на полуфиналето. Мечот беше решен, а заслужено славеа ракометарките на Будуќност. Тие во третите меча сезонава во ЛШ против Вардар немаат пораз, двапати победија и еднаш играа нерешено. Будуќност на 15 меча во ова издание на ЛШ има 14 победи и само едно реми.

Rakomet zeni Vardar Buduknost 05 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top