
Руското министерство за надворешни работи попладнето излезе со соопштение по повод заострувањето на состојбата во Македонија. Во соопштението пренесено од амбасадата на Руската федерација во Македонија се вели:
Со загриженост ја следиме зголеменоста на антивладини митинзи која е забележена во Македонија во последните денови. Благодарение на адекватно однесување на органите за јавен ред и мир и на надлежните власти на земјата се успева да се избегне ескалирање на насилството.
Сепак изборот на низа опозициски движења и на НВО кои се инспирираат меѓу другото и од Западот, за логиката на улицата и за одиозно сценарио на “обоена револуција” може да предизвика опасни последици. Тие можат да се влошуваат и поради меѓуетничките тензии кои ги има во повеќенационалната Македонија и во граничните зони на Балканот кој на крајот на 1990-те и на почеток на 2000-те години поминаа преку сериозни конфликти.
Со загриженост ги следиме информациите за вооружен инцидент кој се случи на 9 мај во Куманово. Се надеваме дека во најскорото време ситуацијата ќе биде нормализирана, а сите околности ќе бидат темелно истражени.
Ги повикуваме сите политички сили во Македонија да водат конструктивен дијалог, а меѓународната заедница пред сè Мисија на ОБСЕ максимално да придонесуваат за тоа. Убедени сме дека таков дијалог мора да се реализира строго во рамките на институционално-правно поле. Тоа најмногу би им одговарало на интересите на пријателската Македонија, на задачите за одржување и зацврстување на регионалната стабилност и безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


