| четврток, 6 декември 2018 |

Надал прв финалист во Мадрид

Рафаел Надал ќе игра во финалето на турнирот од мастерс серијата во Мадрид по победата против Томаш Бердих со 2-0 во сетови. Шпанскиот ас ќе има можност за нова АТП титула, а до финалето стаса со сигурен настап против Чехот. Во првиот сет се играше тај-брејк, а отпорот на бердих спласна, откако го загуби доигрувањето со 7-3 во поени. Во вториот сет Надал апсолутно доминираше и го доби со 6-1.

Во финалето Шпанецот ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Кеи Нишикори и Енди Мареј.

Rafael-Nadal-img16449_668-640x507

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top