Македонскиот првак Вардар е аутсајдер во полуфиналето против Будуќност, според проценките на светските обложувалници. Коефициентот за победа на Црногорките е многу помал и е во размер од 1,50 до 1,60 за разлика од тој што им се дава на „црвено-црните“ за победа и се движи од 3,20 до 3,50.
Полуфиналето во Будимпешта веќе започна со мечот меѓу Ларвик и Динамо Волгоград, а вториот дуел меѓу Вардар и Будуќност е закажан за 16,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.