Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на одбраната во кривичната постапка во Република Македонија“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД, денеска и утре во Охрид организира научна конференција „Нов Закон за кривична постапка – Правичен баланс меѓу ефективноста на кривичниот прогон и ефиктивната одбрана“.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од спроведените четири обуки за адвокати одржани во декември 2014 година во Скопје и Битола, како и резултатите од прашалникот за адвокати доставен на обуките кој се однесуваше на проблеми со кои тие се соочуваат во практиката.
Ќе стане збор и за најновите измени и дополнувања на Законот за кривична постапка каде, пред се, се врши усогласување на македонското казнено право со преземените меѓународни обврски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.