Полицијата вечерва приведе уште 8 лица од деветмината идентификувани кои учествуваа во насилните протести пред Владата, а во кои беа повредени 38 полицајци. Од МВР го потврдуваат апсењето, додавајќи дека по деветиот идентификуван се трага.
Приведените лица, осомничени за учество во толпа што ќе изврши кривично дело во текот на вечерта, ќе бидат изведени пред надлежен обвинител и судија. Повеќе детали за случајот ќе бидат соопштен во текот на утрешниот ден. По најновите апсења се отвора прашањето, дали истрагата ќе открие кој ги организирал насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април