Насилните протести во Скопје го вклучија алармот кај експертите. Аналитичарот Александар Даштевски за „Радио Слободна Македонија“ вели дека состојбата се движи кон ескалација и дека е потребна смиреност и разум за да не се дозволи целосна дестабилизација на државата.
„Пред повеќе од два месеци најавив дека работата оди кон Евромајдан и повикав на разум и стабилизирање на состојбата. Тогаш од Алсат-М бев исмеан но од оваа перспектива е јасно дека е тоа точно. Оној кој тоа го испланирал нема намера да се повлече. Дополнително се подгреа планот со поднесувањето на обвинение за случајот“, вели Даштевски.
38-те повредени полицајци потсетуваат на други слични сценарија во регионот, анализира Даштевски.
„Во последните неколку години се случија 4 такви обиди за рушење на власта и тоа во Турција, Бугарија, Унгарија и Украина. Што е клучниот фактор за успех или неуспех? Тоа е популарноста на власта. Таму каде што власта има силна поддршка како во Македонија, ситуацијата може да се држи под контрола. Во Турција, Ердоган имаше 75 % поддршка и сценариото не успеја. Во Унгарија, Орбан имаше над 70 % популарност и таму сценариото падна. Но, во Бугарија сценариото делумно успеа. Борисов се повлече па освои тесно мнозинство и сега е уценет. Украина пак, треба да ни биде репер што би можело да ни се случи. Се предизвика војна, се отцепи територија, се уништија набогатите индустриски области, државата е пред банкрот. Таму каде успева сценариото може да се случат катастрофи и реален државен удар како во Украина“, вели Даштевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.