| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и Заев за 17 мај подготвуваат украинско сценарио за Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев свесен за силата и непобитните докази против него, оди на се или ништо на најавените протести за 17 мај. Како се приближува судскиот процес за случајот „Пуч“ се повеќе на виделина излегува мрачното сценарио на Заев. Партиски извори од СДСМ велат дека нивниот лидер подготвува мрачен план за спас на својата кожа преку предизвикување на силен конфликт и судири меѓу Македонците. Нивниот лидер се води од девизите „затоа што јас пропаѓам, нека пропадне и Македонија“ или „подобро е да направам конфликт за да се спасам самиот“.

Членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што СДСМ и Заев го подготвуваат на 17. мај велат дека во партијата на големо се во тек подготовките за украинско сценарио во Македонија. Извори од партијата велат дека постои добро смислен план за дејствување, масовни немири, тепачки, закрвување. Според извори од СДСМ секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имал задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди. Веќе од некои од организациите пристигнале до партијата такви списоци на кои доминираат лица со криминално досие, познати насилници, како и лица на кои пукањето, тепањето и обидите за убиство не им се непознати.

Централата на СДСМ, велат истите извори, веќе е во процес на набавка на околу 2.000 маски фантомки кои треба да ги носат демонстрантите, како би се приклиле и би го отежнале процесот на препознавање по евентуална реализација на планираните сценарија на СДСМ. Планот опфаќа и радикалните групи на денот на протестот за да одвојат од толпата и по однапред дадени задачи да продолжат на разни локации низ градот со насилство, кршење на излози, локали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top