Во интервју, кое во петок ќе го емитува „Франс 24“ еврокомесарот за економски прашања Пјер Московици, исто така, рекол дека „прашањето на грчкиот долг ќе биде третирано подоцна“, но не како „кратење“ или отпишување на долгот, нешто што Европејците не сакаат да биде направено.
„Засега да се фокусираме на основното, на реформите. Потоа не можеме да се лажеме, европските институции одат рака под рака“, додал Московици.
Левичарската партија СИРИЗА, која е на власт во Грција, водеше кампања за бришење на барем дел од долгот на Грција, кој претставува повеќе од 175 проценти од нејзиниот домашен бруто-производ, односно вредност што нејзината економија ја создава за една година.
Тоа прашање подоцна беше и во позадина на преговорите на грчката Влада со кредиторите кои беа повеќе фокусирани на ликвидноста која и е потребна на Атина, која се наоѓа, пак, под закана од финансиско давење во многу краток рок.
Прашањето за грчкиот долг е повторно на тапет овие денови, а тоа создава напнатост особено меѓу доверителите на Атина, посебно ММФ кој се залага за делумно бришење на долгот и Европејците, за кои постои „црвена линија“, на која укажал Дјселблум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.