| четврток, 6 декември 2018 |

Лидер на политичка партија не гласал бидејќи немал биометриски документи

Претседател на партија од албанскиот политички блок денеска не го остварил своето право на глас бидејќи не поседувал биометриски пасош или лична карта, а на избирачкото место приложил дипломатски пасош, информираат од МВР. Според полицијата, поради тоа што немал биометриски лични документи, не можел да го оствари своето право на глас.

Партискиот лидер имал стара лична карта, со важност до 29.07.2014 година, бидејќи, по законските измени минатата година, не аплицирал за нова биометриска лична карта или пасош.

Претседателот на партијата поседувал дипломатски пасош, но, како што појаснуваат од ДИК, во него не била наведена адреса на живеење поради што не можел да биде евидентиран на кое изборно место гласа.

Неговата сопруга и синовите биле во избирачкиот список и го оствариле своето гласачко право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top