| четврток, 6 декември 2018 |

Ново разочарување за Италија, финалето во ЛЕ е далечна дестинација за Фјорентина и Наполи

gomez

Ново разочарување за италијанскиот фудбал се резултатите од првите мечеви од полуфиналните дуели во Лига на Европа на УЕФА и особено бледите игри на Фјорентина и Наполи. Калчото е со сè послаб квалитет, а зрак на надеж за враќање на старите патеки на успехот е токму оваа сезона во европските купови. Италија има три екипи во двете реномирани натпреварувања, најмногу со Шпанија, а само Јувентус ја оправда довербата со победа против Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од ЛШ. Старата дама славеше со 2-1, нешто што не mu успеа на Наполи, кој одигра 1-1 со Днипро на домашен терен во ЛЕ и на Фjорентина, екипа што е пред елиминација по поразот од 0-3 со Севилја.

Реваншите ќе го дадат одговорот дали воопшто ќе има италијанска екипа во финалето на ЛШ и на ЛЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top