Ова го подвлече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на гостувањето во вестите на МТВ.
-Токму атмосферата во која годинава го одбележуваме денот на македонската полиција потврдува дека за полициските службеници и припадниците на МВР ирелевантно е дали е празник или дали е неработен ден тие секогаш пред се ги имаат службените задачи и токму заради тоа ја заслужуваат целата почит која граѓаните на Република Македонија ја даваат. Впрочем голем дел од полициските службеници се идоли на новите генерации на млади девојки и момчиња кои посакуваат еден ден да ја облечат полициската униформа . за нас тоа е најголемото признание поддршката од граѓаните, довербата која ни ја даваат за резултатот кои ги имаме постигнато се мотив да продолжиме понатаму – рече Јанкулоска.
Во однос на обвинувањата од страна на СДСМ за употребата на сила од страна на полицијата, министерката истакна дека полициските службеници кои таа вечер го обезбедувале протестот ги заслужуваат сите пофалби и признанија за нивната трпеливост и нивната професионалниот.
-Не е лесно да се справите со толку агресивна толпа како што можевме да видиме од видео снимките и од фотографиите, толпа која безмилосно ја напаѓаше полицијата при тоа не бирајќи ни средства ни предмети со кои беше фрлано по полицајците. И од тука бројката од 38 повредени полицајци е само уште потврда за бруталноста со која полицијата се соочи. Но полициските служебници се тренирани да постапуваат во дури и потешки ситуации од таа со која се соочивме и тие практично без примена на сила со одредени полициски техники успеаја да ја разбијат масата без при тоа да има некои дополнителни ескалации на настаните – истакна Јанкулоска.
Во однос на тврдењата и обвинувањата на СДСМ, таа потенцираше дека во овој период многу чесно гледаме дека реалноста е сосема поинаква од нивните тврдења и дека сите видео материјали и фотографии само потврдуваат дека стилот на СДСМ се обвинувања без аргументи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)