Пеп Гвардиола се врати на „Камп ноу“ и доживеа дебакл во првиот меч против својот поранешен тим. Баерн е поразен со 3-0 од Барселона и има мали шанси за подвиг и пласман во финалето на Лигата на шампионите.
– Резултатот е груб за нас. Да останеше 1-0 или 2-0 за Барселона, ќе имавме шанси во реваншот. Вака со 3-0 ќе биде пеколно тешко. Ни недостигаа премногу играчи за да играме рамноправно со тим каков што е Барселона. Цел тим им е екстраквалитетен, а за Меси е попусто да се трошат зборови – изјави Гвардиола.
Токму Меси беше магичен во ноќта во која Барселона имаше потполна контрола на играта и го декласира десеткуваниот тим на Баерн, без Робен, Рибери и Алаба, трио што е клучно за играта на германскиот првак.
All Goals — Barcelona 3:0 Bayern Munich… by liveg0als
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)