| четврток, 6 декември 2018 |

Алтхаус: Сонувам европска титула со Вардар

Ања Алтхаус игра сѐ подобро за ЖРК Вардар, а периодот на адаптација во новата средина е веќе минато. Сите мисли на првиот германски спортист што игра за македонски клуб се насочени кон Будимпешта и фајналфор турнирот за европската круна. Алтхаус има две титули со Виборг и посакува „хет-трик“ и нејзин прв европски пехар со Вардар. Од неа потрофејна на завршниот турнир во Унгарија ќе биде само Катарина Булатовиќ од Будуќност, со три европски круни. И токму полуфиналниот дуел на Вардар и Будуќност како реприза од лани ќе биде клуч за успехот на „црвено-црните“. Ако победат на 9 мај, шампионките од Македонија следниот ден ќе играат за европската круна против подобриот од второто полуфинале меѓу Ларвик и Динамо Волгоград.

 

„Се надевам дека ќе се радувам на третата круна заедно со целиот тим на Вардар. Имаме шанса иако на Будуќност и на Ларвик им даваат поголема предност пред стартот на завршниот турнир. Мојата желба, пред сѐ, е Вардар да ја освои европската круна и ќе сторам сѐ за да славиме голем успех во Будимпешта. Со Виборг двапати ја почуствував радоста да се биде европски првак. Сега сум во Вардар, клуб што апсолутно заслужува да биде крунисан во континентален првак бидејќи ги има сите предуслови за епитетот најдобри во Европа. Секако дека и мене лично ќе ми годи во колекцијата да имам три трофеи од Лигата на шампионите“, вели Алтхаус во интервјуто за новиот број на „Република“.

vardar-gerg-3

За тоа како се чувствува во Македонија, што ќе им препорача на германските спортисти, за низата од 9 учества во Лигата на шампионите и за уште многу интересни работи, 32-годишната девојка од Магдебург говори во интервјуто за магазинот „Република“ што ќе излезе од печат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top