Изградбата на долго најавуваниот гасовод „Турски тек“ е одложена бидејќи руски „Газпром“ и турската државна компанија „Ботас“ не можат да го постигнат конечниот договор, пишува денеска „Вечерњи новости“.
Експертите велат дека до откажување од гасоводот, што требаше да биде заменета за „Јужни поток“, дојде не само од економски причини, туку и заради заладувањето на односите меѓу Анкара и Москва по неодамнешниот говор на Путин во Ереван, каде го осуди геноцидот врз Ерменците во 1915-1917 година, сторен од турската османлиска војска.
Веста што вчера ја објавија руските медиуми за многумина претставуваше изненадување бидејќи до неодамна претставници на „Газпром“ и „Ботас“ даваа оптимистички изјави. Наводно, преговорите навистина биле блиску до компромис и договорот за попуст на цената на гасот што „Ботас“ би ја добил од рускиот партнер. Но, по 1,5- месечните разговори компаниите на крајот, сепак, не можеле да се договорат како ќе се применува формулата за попустот што би го добиле Турците.
Руските медиими тврдат дека „Газпром“ веќе има загуби. Бродовите што требаше да ги поставуваат цевките на дното од Црно Море стојат во руските пристаништа, а Турците губат бидејќи место да користат попуст на цената на гасот, сега го плаќаат гасот сто долари поскапо од просечната европска цена. Сега Турците илјада кубици гас плаќаат 370 долари.
Место да се договори со Москва, Анкара се повеќе купува течен гас. Во април Турција од „Газпром“ купи 38 отсто помалку гас отколку лани во истиот период.
Во Москва вчера беше објавена веста дека „Газпром“ со приватните турски компании, што годишно купуваат околу десет милијарди кубици гас, се договори за попустот, па тие во вториот квартал илјада кубици ќе плаќаат 260 долари. На оние што веќе гасот го платиле по повисока цена, „Газпром“ има намера да им врати околу 300 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.