| четврток, 6 декември 2018 |

Фигаро: Франција би ги потопила „Мистрал“ бродовите ако не се испорачаат во Русија

mistral

Франција може да се одлучи намерно да ги потопи двата носачи на хеликоптери Мистрал, во отворено море кои се градени за Русија, ако властите изберат опција да се раскине договорот.

Меѓу можните опции, кои се разгледувани во Владата е уништување на тие бродови, демонтирање и искористување или потопени во море, објави Ле Фигаро.

Се наведува дека таквото завршување на француско-рускиот договор вреден 1,12 милијарди евра е шокантно.

Висок француски офицер смета дека таквите мерки се „неприфатливи“ со должно почитување кон вработените во француското најголемо бродоградилиште Сент Назар каде се направени воените бродови.

Весникот тврди дека нема изгледи француската морнарица да ги користи тие бродови бидејќи се направени според руски стандарди и нивното повторно опремување би чинело стотици милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top