Судот во Кабул ги осуди на смрт четворицата првообвинети во процесот против бруталното убиство на младата Авганистанка Фарнхунда, лажно обвинета дека го запалила Коранот.
Други осум обвинети, добија затворски казни од по 16 години, а 16 лица на кои им се судеше во овој процес, беа ослободени.Засега не се знае какви казни ќе добијат 19 авганистански полицајци кои биле на должност, кога се случило убиството, но не презеле ништо за да го спречат злосторството врз 28 годишната жена.
Инцидентот се случи во март и предизвика вчудоневиденост и згрозување во традиционално конзервативната авганистанска јавност.
Фархунда прво била претепана до смрт,а потоа нејзиното мртво тело било закачено за еден автомобил и влечено низ улиците,а за да на крајот биде полеано со бензин и запалено.
За неа се знае дека била на разговор кај еден локален мула (религиозен учител) за да се консултира околу нејзината немара да им продава амајлии и ситна украсна бижутерија на жените,на широкиот простор пред познатото светилиште Шах ду Шамшаира.
Светилиштето се наоѓа недалеку од претседателската палата во Кабул и сосема блиску до главниот кабулски базар.
Жената подоцна била обвинета дека го запалила Коранот и сурово казнета, иако сведоци тврдела дека таа тоа не го направила.
Полицијата која водеше истрага за убиството, потврди дека нема ниакква докази за палење на светата муслиманска книга.
Во текот на судскиот процес, обвинетите се бранеле дека Коранот бил запален и дека разгневениот народ се нафрлил врз „виновната„ жена за да ја казни за „злосторствпто„.Еден од обвинетите, сепак, признал дека се вклучил во егзекуцијата на Фархунда, само врз основа на тврдењето на „некои„ дека жената ја палела светата книга.
Жените во Авганистан и понатаму се во подредена состојба и онеправдани, но бруталноста со која беше казнета една невина жена, предизвика протести ширум земјата.Во јавниоста постоеше голем интерес и за судењето на убијците, па за прв пат, едно судење во Кабул беше пренесувано на телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка