Јувентус оствари минимална предност во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид од 2-1. Победата над актуелниот европски шампион е сосема заслужена бидејќи „старата дама“ беше рамноправен противник иако кралскиот клуб ја имаше иницијативата на теренот и создаде неколку шанси за гол.
Избраниците на Алегри со дисципилинирана игра во одбраната и средниот ред дојдоа до предноста која многу ќе значи во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ следната среда.
Јувентус уште од самиот почеток се закани кон голот на Касилјас, но Видал беше нерешителен и неговиот удар капитенот на Реал лесно го скроти. Во деватата минута Карлос Тевез биеше прецизно кој голот на противникот, Касилјас кратко ја одби топката која дојде до Мората, а овој од непосредна близина ја затресе празната мрежа.
По водечкиот гол Јувентус се повлече, Реал ја презема инцијативата и преку Кристијано Роналдо го израмни резултатот. Роналдо само ја допре топката од еден метар од голот на Буфон, а најзаслужен за целата акција е Џејмс Родригез кој успеа милиметарски точно да го пронајде најдобриот светски фудбалер.
Токму Родригез ја погоди пречката од голот, откако биеше со глава од непосредна близина по измрамнувачкиот гол и пропушти шанса да го доведе својот тим во водство уште во првото полувреме
Во вториот дел Јувентус беше тимот кој созададе поконкретни шанси за гол, а тоа резултираше со погодок на Тевез од пенал во 58 минута откако Карвахал непрописно стартуваше врз најдобриот играч на клубот до Торино.
До крајот на натпреварот двата тима се обидуваа да постигнат уште по некој гол, а најзрелата шанса ја имаше Љоренте кој биеше само во добропоставениот Касилјас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)