| четврток, 6 декември 2018 |

Драмски ќе се гради без јавно-приватно партнерство

Dramski jubilej 13 (Custom)

Владата донесе одлука со која јавното-приватно партнерство за изградба на Драмски театар се става ад-акта и сега ќе се изготвува проект за изведба на Драмски театар на истото место. Ова го соопшти денеска директорот на Драмски, Роберт Велјановски.

– Само Драмски театар без никакво јавно-приватно партнерство и катови кои требаше да бидат нечии, а не на Драмски театар. Тоа значи дека се стопира постапката за воспоставување модел за јавно-приватно партнерство за изградба на овој објект, со што беше предвидено да се изградат шест ката, од кои првите два, ќе му припаднат на Театарот – рече Велјановски.

Велјановски најави дека јавниот оглас за работа во Драмскиот театар за 2016 година ќе биде објавен на 8 мај, в петок, и ќе заврши на 8 јуни, понеделник.

– Секој од режисерите, драматурзите кои имаат предлог-претстава, според категориите кои ќе бидат зададени во јавниот оглас, ги повикувам да се јават на огласот. Уметничкиот совет на Драмскиот театар ќе ги разгледа сите апликации и ќе донесе одлука која ќе му ја предложи на Управниот одбор. Драмскиот театар со предлог-претстави ќе аплицира во Министерството за култура до крајот на јуни – објасни Велјановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top