Ципрас постојано го анулира министерот за финансии, Јанис Варуфакис, но се плаши да го замени, соопшти грчката опозициска партија ПАСОК по повод денешниот состанок на заменик-премиерот Јанис Драгасакис со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.
– Владиниот „шармер“, министерот за финансии Варуфакис, не учествува на клучната средба со Марио Драги. Дали е можно министерот за финансии да е под старателство? Зошто господинот Ципрас се плаши да го замени Варуфакис кога постојано го „анулира“? – прашува ПАСОК во денешното партиско соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.