Скопјанка за време на првомајскиот викенд се здобила со сериозни повреди по телото откако паднала од карпите на мегалитската опсерваторија во провалија длабока 17,5 метри.
Инцидентот се случил во 10.30 часот кога 44-годишната В.Ј. паднала во провалијата, а сведоци на ужасниот настан биле и нејзините малолетни ќерки со кои заминала во обиколка на Кокино, пренесува Вест.
Додека се обидувала да се намести за сликање, се одронила карпата на која стоела, по што скопјанката паднала и се здобила со набиеници по телото, повреди на главата и на десната потколеница.
Сите кои биле во близина притрчале да помогнат и со нивната брза интервенција била спречена трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.