| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт на млади музичари од ФМУ во Велес

Млади соло-пеjачи од Факултетот за музичка уметност од Скопје вчеравечер одржаа концерт на големата сцена вo новата зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

На концертот беа изведени оперски арии, а настапија Злата Тошевска – сопран, Дамијан Каранфилов – баритон, Дарко Тодоровски – бас баритон, Деспина Спировска – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран и гостинката од Словениа, Амина Башиќ – сопран.

Концертот, кој беше дел од манифестацијата „Велес – град на културата 2015“, го организира Здружението на лица со церебрална парализа од Велес во соработка со Општината, Народниот театар и „Проарт маркетинг“ од Скопје.

Собраните средства од концертот ќе бидат наменети за летување на лицата со церебрална парализа од Велес. Претседателката на Здружението, Далиборка Златева, искажа благодарност за организаторите и граѓаните на Велес за искажаната поддршка за помош на овие лица.

Според Кети Маврополу од „Проарт маркетинг“, целта на овие концерти на класична музика е популаризација на оперската музика меѓу младите во земјата. На мини-турнејата што ја организирале изминатите два месеци вакви концерти се одржале во Скопје, Струмица, Гевгелија и во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top