| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис во име на Бога: СПЦ годишно заработува по 140 милиони евра

Screenshot_421

владика Василие Качавенда

 

Српската православна црква годишно заработува и до 140 милиони евра, а владиците како искусни бизнисмени парите ги вложуваат во нови бизнис-проекти, пишува српски „Блиц„.

Заработката се вложува во хотели, винарски визби, земјоделски производи, туризам… а со тоа српските свештеници се вбројуваат во редот на најголеми инвеститори во земјата. Се проценува дека епископите во последните години вложуваат неколку стотини милиони евра во објекти кои немаат црковна намена.

Дека црквата прави позитивен обрт на капиталот потврди единствено митрополитот Амфилохие, кој не крие дека парите од верниците не ги чува на сметката на епархијата, туку ги вложува со намера да заработи.

Оваа митрополија, според црногорските медиуми, во последната година вложила многу повеќе пари во изградба на туристички објекти отколку властите во Црна Гора. Амфилохие тоа не го смета за грев.

– Тоа што црквата гради станови и води хотели е бизнис на митрополијата во име на Господ, а за добро на народот – вели митрополитот. За разлика од него, другите владици не сакале да ги коментираат своите бизниси.

Се проценува дека финансиски подобрите епархии годишно можат да заработат и до 5 милиони евра, од тоа најголемиот дел е во кеш. За тоа каде ќе завршат парите решаваат владиците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top