Најдобриот голфер на денешнината Тајгер Вудс и скијачката Линдѕи Вон ја прекинаа тригодишната љубовна врска. Истовремено тие раскинувањето го објавија на социјалните мрежи.
Вон го следеше Вудс на сите важни голф-турнири, а Тајгер беше чест гостин на ски-трките. Во февруари се појави информација, дека следи венчавка и свадба.
– Тајгер и јас заедно одлучивме повеќе да не бидеме заедно, затоа што нашата кариера не дозволува да поминуваме повеќе време заедно. Секогаш со гордот во срцето ќе го носам Тајгер и неговиот однос према неговото семејство, објави Вон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.