Здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија на 17.мај 2015 година по седми пат ќе ја организира кампањата за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2015 – чекори против ракот на дојка“.
Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот Филип Втори (Карпошово Востание) со почеток во 11 часот и ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.
По прошетката ќе следува музички хепенинг.
Оваа година настанот повторно ќе биде поддржан и од групата велосипедисти „На Точак“ кои ќе извозат рута во должина од пет километри низ центарот на градот како допонителна поддршка на целокупната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.