Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска изјави дека нема да учествува во новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху и наместо тоа неговата партија Израел наш дом (Јисраел бејтену) ќе биде опозиција.
– Не можам да бидам во владата откако Нетанјаху направи низа договори со ултраортодоксните партнери, посочи Либерман, чија партија е секуларна.
Изјавата на Либерман претставува удар за Нетанјаху, кој до среда треба да состави коалициска влада, односно мнозинство во Кнесетот.
Либерман два мандати беше шеф на дипломатијата и со години клучен сојузник на Нетанјаху.
Израел наш дом на изборите освои само шест пратенички места, но без неа Нетанјаху ќе има слабо мнозинство од само 61 пратеници во Кнесетот кој вкупно брои 120 места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.