Драстична казна од 150.000 денари заработи македонскиот ракометен првак Металург поради инцидентот на мечот со Зомимак во Скопје. Дел од навивачите на клубот влетаа на терен во второто полувреме и се обидоа да ги нападнат гостите од Струмица, што доведе до мал прекин на мечот и голема казна за Металург.
Парично е казнет и претседателот на металурзите Левче Китевски и тој ќе мора да плати 51.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.