Фудбалерите на Бока јуниорс имаа повеќе трпение од играчите на вечниот ривал Ривер плата и го добија 194. дерби на двата тима со 2-0.
Суперкласико на Јужна Америка беше решено за три минути и тоа во финишот на мечот што се играше на легендарната „Бомбоњера“. Павон во 84. минута им донесе предност на домаќините, а само 180 секунди подоцна погоди и Перез за победа од 2-0 на Бока јуниорс.
Двете екипи во средината и финишот на мај ќе одиграат уште два меча, овојпат во Либертадорес купот, кој во Јужна Америка е пандан на Лигата на шампионите на европскиот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)