Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на 15. Конгрес на партијата на кој беше реизбран за лидер истакна дека има големи очекувања од проектот „Македонија вработува“ кој почна од неодамна да се реализира.
-Големи очекувања имаме од новиот проект Македонија вработува. Очекуваме дека преку овој проект во наредните 12 месеци ќе се отворат 20 илјади нови работни места во Македонија, а со проектот се таргетирани најчуствителните и најранливите групи на невработени во Македонија, рече тој.
Додаде и дека работат на тоа да донесат инвеститори низ сите општини низ Македонија.
-Многу се трудиме инвеститорите да бидат распределени насекаде низ Македонија, а особено таму каде сеуште не сме убедиле некој инвеститор да дојде. Во тој правец клучна е и подготвеноста на градоначалниците, со спремни и правно чисти локации со донесена инфраструктура, бидејки кога инвеститорите бараат локација немаат време да чекаат допрва градоначалникот да расчистува имотно-правни односи или да гради комуналии, посочи тој.
Груевски упати апел до сите градоначалници да работтат на зголемување на бројот на индустриски зони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.