| четврток, 6 декември 2018 |

Челси по пет години пауза се враќа на тронот на Англија (видео)

Екипата на Челси е новиот шампион на Англија откако денеска минимално со 1-0 славеше победа над Кристал Палас на „Стенфорд Бриџ“.

Chelsea v Crystal Palace

По петгодишен пост во домашното првенство избраниците на Жозе Мурињо успеаја да направат недостижна разлика на три кола до крајот во однос на најголемиот конкурент Арсенал кој има и два натпревари помалку. Сега бодовната разлика изнесува 16 бода која е доволна за прослава на петтата титула во историјата на сините од Лондон.
Денешниот натпревар беше решен во 44 минута кога најдобриот играч во Премиер лигата за оваа сезона Белгиецот Еден Азар продре по левата страна во казнетиот простор на Кристал Палас, над него стартуваа двајца играчи на гостите и судијата оправадано досуди пенал.
Самиот Азар го изведе, но голманот Сперони успеа да го одбрани ударот кратко одбивајќи ја топката до главата на Азар на кого не му беше тешко да ја смести во небранетиот дел од мрежата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top