Легендата на шпанскиот фудбал и голман на Реал Мадрид Икер Касилјас со синоќешната победа против Севилја осамна на листата на играчи со најмногу победи во Примера дивизија. Тој ја оствари 334.победа и сега има една повеќе од уште една голманска легенда, Андони Зубизарета кој успеа да оствари 333.победи во неговата кариера.
Постигнувањето на Касилјас го прокоментира уште една легенда во Шпанија и еден од директорите на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.
– Икер Касилјас е институција во Примера дивизион. Среќен сум што успеа да постави нов рекорд и се надевам дека ќе оствари уште голем број победи и на крајот од кариерата ќе остави во наследство навистина неверојатно остварување – изјави Бутрагењо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“