Најдобриот тенисер на земјени подолги Шпанецот Рафаел Надал интезивно се подготвува во Мадрид за турнирите што следат од мастерс-серијата пред вториот грен-слем Ролан Гарос што започнува на крајот на мај.
Проблемите околу здравствената состојба на Шпанецот се големи откако тој денеска со својот тим го прекинал тренингот поради проблеми со десното колено, повреда која ја влече од минатото. Тој веќе има извршено две операции, но се надева дека ќе биде подготвен за тешките турнири што следуваат.
Засега тој одбива да дава конкретен коментар околу сериозноста на оваа повреда, но од друга страна поради тоа растат и сомнежите дали Надал ќе успее да влезе во ритам за Ролан Гарос, каде е актуелен бранител на трофејот. Само за потсетување, тој на турнирот во Монте Карло загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови, а уште поразочарувачка игра прикажа во Барселона, каде неочекувано беше поразен од Фабио Фоњини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.